Loading Video...
Македонија
22. December 2019 - 19:34

Колони автомобили го блокираа Табановце пред Божиќ

 
Голем број на автомобили со кој се враќаат нашинците кои работат во европските земји го блокираа граничниот премин Табановце. Се чека со часови по поминатите илјадници километри за да стигнат дома. 
 
- Поминавме повеќе гранични премини на пат од Австрија, но никаде нема гужва како кај нас. Ова е страшно, вели за Сител Горан Трајчевски кој со семејството се враќа за новогодишните празници во Македонија. 
 
Слични ставови раскажаа многумина од оние кои чекаа во или надвор од своите автомобили. Тие викендов се враќаат пред Божиќ кој на 24ти се слави низ Европа, а голем дел од нив и новата година ќе ја дочекаат во родната земја.