Свет
2. јуни 2017 - 11:49

Колумбија: Пет милиони долари за информација за наркобос

Колумбиските полициски сили задолжени за борба против трговијата со дрога пуштија со помош на хеликоптери илјадници памфлети над граничното подрачје со Панама, нудејќи пет милиони долари награда за информација за наркобосот Дарио Антонио Усуги, познат како Отонијел, лидер на Заливскиот картел, кој е вмешан во напади на полицајци. 

Памфлетите се фрлани од полициски хеликоптери над градот Апартадо, а за двајца соработници на наркобосот е понудена награда од по 800 илјади долари. 

Колумбуската банда, која ја предводи Отонијел е вмешана во убиства на повеќе од десетиците полицајци, убиени во тоа гранични подрачје изминатиот месец.