Фудбал
16. September 2020 - 11:21

Коман ќе го пропушти мечот со Шалке поради контакт со заразен со коронавирус

Играчот за врска на Баерн, Кингсли Коман, ќе го пропушти натпреварот од 1. коло во Бундеслигата против Шалке, се наведува на официјалната веб-страница на клубот од Минхен.

Дваесет и четиригодишниот Французин е дома во самоизолација по контакт со лице кое имало позитивен тест за коронавирус.

Резултатот од тестот на Коман беше негативен.

Натпреварот Баерн – Шалке ќе се одржи на 18 септември.