Македонија
5. September 2019 - 14:04

Комисијата за избори и именување ја разреши Катица Јанева

Комисијата без дискусии  со едногласна одлука му предложи на Собранието да ја разреши Катица Јанева за нестручно и несвесно работење.

Сега одлуката на Комисијата оди кај Талат Џафери кој треба да закаже пленарна седница на усвојување на предлогот за разрешувањена Катица Јанева што треба да има 2/3 мнозинство плус бадентер. 

Потоа Советот на Јавни обвинители треба на седница да ја разреши Катица Јанева. 

Илија Димовски вели дека материјалот кој го добиле од Советот бил многу уверлив. 

 

Александар Спасовски