Бизнис
29. November 2019 - 17:01

Комората на извршители ќе организира отворени денови Обвинувањата кон нив биле неосновани

Законот за отпис на камати за неплатени комунални сметки не ги дал очекуваните резултати. Од Комората на Извршители  велат дека само мал број пробарувања се повлечени по овој основ и затоа предлагаат да се донесе нов Закон со кој ќе се отужуваат повеќе сметки одеднаш, а не секоја  заостаната сметка . На овој начин ќе им се намалат трошоците на граѓаните кои имаат неплатени сметки за вода, струја или парно греење.

Тонско  Токму со таквите одредби се наруши рабоатта на изврителските канцеларии и во периодот 2018 година за разлика од 2017, извршителите  наплатиле во корист на доверителите  помалку средстав за околу 50  милиони евра, изјави Зоран Димов, претседател на Комора на Извршители 

Од Комората ги повикуваат и граѓаните кои протестираат против нив , на Отворени денови, да им ја објасната постапката, затоа што, некои не  правеле разлика меѓу главен долг, камата, нотарски,  адвокатски и извршни трошоци. Велат дека и дел од изјавите на лицата кои протсетираат биле неосновани

Тонско Димов аматата не треба да го надмине главниот долг, доаддав Димов

Инаку од почеток на годината до ноември извршителите наплатите 90 милиони евра  за доверителите. Димов е задоволен што новиот систем функционира, за разлика од поранешниокт кога  предметите за неплатени сметки и по 20 години се чувале во фиоки во судовите.  Тогаш се трупале огромни камати, кои  должниците  морале да ги  плаќаат  за стари те долгови.