Бизнис
18. September 2019 - 18:30

Компаниите бараат брза изградба на автопатот кон Блаце

Автопатот Скопје Блаце клучен проблем за фирмите од регионот. Коморите од земјава, Косово и Албанија за заеднички состанок во Скопје констатираат дека лошата инфраструктура го попречува работењето. За бизнис секторот е неприфатливо оваа делница да биде завршена во 2023 година.

Прмеиерот Заев вели дека државата вложува во инфраструктурата. Се работи забрзано на Коридорот 8, а почната е постапката и за автопатот до Блаце.

Освен инфаструктурата, за компаниите од трите земји проблем се и административните бариери, а макеоднската влада најавува дека новиот царински терминал на Ќафасан е тпокму во насока на олеснување на пречките.

Министертсвто за економија најавува дека наскоро кон Албанија ќе функионира и оне стоп шоп што значи дека со едно застанување ќе се завршува целата работа.

Бизнисмените од трите земји велат дека можат да функцинираат како ефективен триаголник, да инвестираат тука но и заеднички да настапуваат на странските пазари.