Бизнис
27. January 2021 - 17:07

Компаниите добија рок од три месеци да ги пријават вистинските сопственици во Централен регистар

За три месеци сите фирми ќе треба да ги дадат податоците за вистинските сопственици. Новооснованите компании имаат рок од 8 дена да ги запишат во новиот национален регистар на вистински сопственици. Овој регистар е во функција од денеска. Без овие податоци, компаниите нема да можат да работат.

Преку националниот регистар државата добива алатка за борба против перењето пари и финансирањето тероризам, а податоците ќе бидат јавно достапни.

Националниот регистар на вистински сопственици е обврска преземена со усогласувањето со европското законодавство, а неговото создавање го помогна Германското друштво за меѓународна соработка.