Loading Video...
Кошарка
28. November 2017 - 12:36

Комплетирана втората рунда во квалификациите за Мундобаскет 2019

Со осумте средби кои се одиграа синоќа комплетирано е  2.коло во квалификациите за Светското кошаркарско првенство 2019 во Кина. 

Русија ја оствари првата победа. Откако во првото коло русите беа поразени од БиХ вчера пред својата публика тешко но заслужено ја совладаа Белгија со 76:69 во натпревар од Е група во која втората победа ја забележа Франција совладувајќи ја Босна и Херцеговина со 84-65 
 
До втора победа стигнаа и Србија која беше убедливо подобра од Грузија со 105-87 во дуел од Г групата во која Германија на гости ја демолира Австрија со 90-49. 
 
И Чесите забележаа втор триумф и тоа на гости кај Финска со 64-56 во рамките на Ф група во која и Бугарија славеше на гостувањето кај Исланд со 77-74.
 
Во последната Х група, Грција го победи Израел со 82-61, а Естонија беше подобра од Велика Британија со 73-70.
 
Следните натпревари од квалификациите за СП ќе се одиграат во февруари 2018 година, кога на програмата се дуелите од третото и четвртото коло.