Loading Video...
Тенис
3. September 2019 - 16:18

Комплетирани четвртфиналните двојки на УС Опен

Надал и Момфис се последните двајца тенисери кои обезбедија пламсна во четвртфиналето на УС Опен. 
 
(2.носител) Рафаел Надал во четири сета го совлада Марин Чилиќ дозвојувајќи му на Хрватот да го добие само вториот сет со 6-3, додека останатите три му припаднаа на Шпанецот со 6-3, 6-1 и 6-2. 
 
Французинот, Гаел Момфис беше убедлив во мечот со Шпанецот, Андуџар па во трите сета му препушти само пет гема (6-1, 6-2 и 6-2). 
 
Надал во четвртфиналето ќе игра против Аргентинецот, Давид Шварцман, додека Момфис ќе се сретне со Матео Беретини од Италија. Први за место во полуфиналето ќе се борат (5) Данил Медведев, Русија, и (23) Стан Вавринка, а по нив ќе следува дуелот меѓу (2) Роџер Федерер и Григор Димитров од Бугарија. 
 
 
Кај дамите. Последна која обезбеди четвртфинале беше 5-тата носителка Елина Свитолина. Украинката во два сета ја победи домашната фаворитка инаку 10-та носителка во Њујорк, Медисон Кејс со 7-5 и 6-4. Свитолина за место во полуфиналето ќе се бори со Британката, Џоана Конта. 
 
Останатите четвртфинални парови кај дамите ги сочинуваат:
(10) Серена Вилијамс – (18) Ванг Куанг, Кина
(15) Бијанка Андреску, Канада – (25) Елис Мартенс
(13) Белинда Бенчиќ, Швајцарија – (23) Дона Векиќ, Хрватска