Loading Video...
Тенис
7. September 2019 - 16:20

Комплетирани финалните парови на УС Опен

С. Вилијамс - Андреску и Надал – Медведев се дуелите за финалето на последниот Гренд-слем годинава УС Опен. 
 
Вечерва од 22 часот по македонско време на програмата е женското финале во кое шест кратната победничка на УС Опен, Серена Вилијамс ќе го игра јубилејното 10-то финале додека двојно помладата Канаѓанка, Бианка Андреску за прв пат ќе настапи во едно Гренд-слем финале. 
 
Во истиот термин утревечер, на програмата е машкото финале. Во него, по петти пат во кариерата ќе игра Шпанецот, Рафаел Надал кој ќе атакува на четвртиот трофеј во Њујорк (2010, 2013, 2017). 
 
Неговиот противник  Данил Медведев за прв пат во кариерата ќе се бори за трофеј од Гренд-слем турнирите, но сепак 23-годишниот Русин, е во топ форма, па на 22-та меча одиграни летово на американско тло, тој доби дури 20 од нив.