Конференција „Малите и средни претпријатија за регионален економски развој“
Конференција на тема „Малите и средни претпријатија за регионален економски развој“ организира денеска Младинскиот културен центар - Битола во соработка со Европската бизнис асоцијација, а во рамки на Европската недела на мали и средни претпријатија 2015.
Конференцијата, која ќе се одржи во Битола, претставува дел од програмата со која Република Македонија се вклучува во активностите на Европската недела на мали и средни претпријатија 2015, кои се случуваат ширум Европа.
Целта на конференцијата е да се истакне виталното значење на малите и средни претпријатија за успешноста на економијата на една земја и нејзиниот регионален развој, особено имајќи предвид дека МСП одговараат на локалните и регионалните потреби, но и дека развиваат успешни приказни за иднината, значително придонесувајќи кон намалување на процентот на невработеност.
Конференцијата е поддржана од општина Битола во рамки на програмата за прослава на 4 ноември, Денот на ослободувањето на Битола.
Ново на Сител
-
Мицкоски: Маркетите кои картелски се здружуваат, ќе одговараат
-
Значајна инвестиција
-
Дисциплинска комисија ќе утврдува зошто доктор уролог „хистерично“ викал во амбулантите на клиниката
-
Милорад Додик осуден на една година затвор
-
Месец на франкофонијата
-
Економијата тоне
-
Членовите на Судски не чувствуваат одговорност во пресрет на интерпелацијата
-
Сончогледот повторно се враќа на македонските полиња