Македонија
2. December 2015 - 8:51

Конференција против насилство врз жени со попреченост

Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство и Х.Е.Р.А – Асоцијација за здравствено истражување и едукција денеска организираат конференција на тема „Превенција и спречување на насилство врз жени со попреченост: Состојбата во државата и препораки“.

Конференцијата е во рамки на кампањата „16 дена активизам против насилство врз жени“ која се спроведува секоја година од 25 Ноември – Меѓународен ден за борба против насилство врз жени до 10 Декември – Меѓународен ден за човекови права.

Најавено е обраќање на Луиза Винтон, постојан координатор на ОН и претставник на УНДП и УНФПА во Република Македонија, претставници од Министерство за труд и социјална политика и Филозофски факултет, како и жени-активистки со попреченост и активисти за унапредување на правата на жените и лицата со попреченост.