Македонија
30. October 2017 - 12:50

Координативен состанок во Парламентот

Претседателот на Собранието Талат Џафери ги поканил координаторите на пратеничките групи денеска на средба на која се очекува да биде договорен терминот за одржување на првата собраниска седница по завршувањето на локалните избори и идните активности на Парламентот.  

Според инфиормации од Собранието, на оваа седница би требало на дневен ред да бидат верификација на мандатите на нови пратеници кои доаѓаат на местото на сега веќе избраните седум градоначалници од СДСМ, како и на местата на двајца пратеници од албанскиот блок кои поднесоа оставки. 

Од собраниските активности се очекува, меѓудругото, продолжување на расправата за Законот за употреба на јазиците, избор на јавен обвинител, а во собраниска процедура за време на кампањата и меѓу двата круга на локалните избори влезе и Предлог на закон за урбано зеленило, предложен од ДОМ, Предлог-одлука за утврдување на процентот на зафаќање од вкупниот годишен приход на носителите на лиценци за вршење на енергетски дејности и годишниот приход на давателите на водни услуги остварен од давање на водни услуги, за финансирање на работењето на Регулаторната комисија за енергетика за 2018 година, Предлог – одлука за изменување на Одлуката за испраќање на припадник на Армијата на Република Македонија за учество во мировната операција на Обединетите нации, УНИФИЛ во Либан, Предлог-финансиски план на Регулаторната комисија за енергетика за 2018 година, Годишен извештај  за имплементација на Стратегијата за родова еднаквост за 2016 година, Извештај за учеството на припадник на АРМ во мировната операција Алтеа во БиХ, во периодот декември 2016 - јуни 2017 година, како и Нацрт - просторен план на Источниот плански регион 2013 – 2030.