Живот
28. February 2017 - 17:58

Корисни совети за луѓето со лесен сон и несоница

На секого од нас барем еднаш му се случило, од каква и да е причина, да се разбуди среде ноќ и потоа да не може да заспие. 

Еве неколку совети на бугарскиот портал „Обекти“, за тоа - како да го пребродиме тој проблем.

Прво – ако сте се разбудиле со идеја која претстојниот ден треба да ја претворите во реалност, запишете ја на лист хартија. Тоа ќе ви помогне полесно и побргу да продолжите да спиете.

Второ – ако лежите повеќе од 15 минути, и не можете повторно да заспиете, станете од креветот и почнете да правите нешто што го сметате за смирувачко, нешто што ве опушта. Настрана од телевизорот и компјутерските игри. Зафатете се со нешто попријатно – и за психата и за моториката. На пример - сложувалка.

За крај, Ви посакуваме пријатен и мирен сон!