Македонија
24. September 2020 - 12:38

Корона вирусот го вклучи алармот во Струмица

Зголемениот број на заразени од корона вирусот го вклучи алармот во Струмица. После неколкуте координативни состаноци кои беа одржани минатата недела, сега заседаваше и општинскиот совет за превенција. Oвој пат претставници од надлежните институции дебатираа заедно со угостителите  со цел сите заеднички да придонесат во намалување на ширењето на заразата. Меѓу другото беше заклучено дека е неопходно доследно почитување на протоколите за работа од страна на угостителите, но и засилени  контроли од полицијата и инспекциите.

Од полицијата велат дека еден од најчестите прекршоци што го констатираат на терен е групирањето и не држењето дистанца. Во иднина, освен поактивниот пристап најавуваат и засилување на акциските контроли.

Струмичкиот , со месеци беше еден од регионите во кои имаше многу мал бројна ново регистрирани случаи на Ковид 19. Во последните петнаесетина дена состојбата се смени ,а бројот на нови случаи значително се зголеми. За неколку дена беа регистрирани и неколку смртни случаи. Од почетокот на пандемијата во Струмица се регистрирани 191 случај од кои 122 се активни.