Корона вирусот се прошири кај соседите на Македонија
По вториот случај во Хрватска, корона вирусот се прошири и во Грција. Станува збор за 38 годишна Гркинка од Солун која се вратила од патување во Северна Италија. Жената била позитивна на тестот на Ковид 19, но е во добра здравствена состојба. Паралелно, сомнеж за присуство на вирусот има и во Бугарија, кај две лица, а во Косово кај три лица.
И додека балканските земји ги засилуваат мерките и повикуваат на смиреност, многумина во Хрватска и Словенија во паника ги испразнија полиците во дуќаните. Слична е ситуацијата и во аптеките, каде има дефицит на заштитни маски, иако период поскапеа.
Во Европа пак се поголем е бројот на земји каде е ргистриран вирусот. Најкиртично е во Италија каде има над 370 заболени, а 12 лица вечќе починаа. Во земјата регистриран е и прв случај на заболено 4 годишно дете, а е и прв во Европа. Во меѓувреме големиот број жртви и заболени, ги натера кинеските власти да почнат со примена на драстични мерки. На социјалните мрежи се појави видео на кое се гледа како медицински лица присилно хоспитализираат болни и полицајци кои вежбаа како да се справат со бегалците носители на вирусот.
-
Елена Милошевска
Сите содржини од овој новинар