Свет
17. February 2020 - 10:48

Коронавирусот ја одлага годишната сесија на кинескиот Парламент

Висок законодавен орган на кинескиот Парламент на 24 февруари ќе се состане и ќе го разгледа предлогот за одложување на клучната годишна сесија на Општокинеското собрание на народните претставници (парламентот), што почнува во март, пренесе Ксинхуа.

Предлогот за одложување е поврзан со епидемијата од коронавирусот, посочува Ксинхуа.

Целта на ваквата идеја е да се гарантира натамошното неширење на COVID-19.

Кинеските власти јавија дека експертската делегација на Светската здравствена организација, која веќе пристигна во Пекинг, исто така, ќе ги посети провинциите Гуандонг и Сечуан.

Портпаролот на кинеската Национална здравствена комисија сите детали поврзани со посетата на експертите на двете провинции ги  соопшти на денешниот брифинг за медиумите.