Кошарка
20. November 2016 - 10:19

Кошаркарите го одиграа првото коло во домашното првенство

 
 
  Во кошаркарскиот шампионат на Македонија во машка конкуренција, со двомесечно задоцнување на стартот, конечно, се одиграа првите средби. На стартот на првенството три од четирите натпревари завршија со победи на домашните екипи. 
 
Работнички ја забележа најубедливата совладувајќи го Куманово со 89-52. 
 
Предноста на домашниот терен за оствари и дебитантот со Првата лига АБ Охрид кој со 73-61 го победи Пелистер, додека Струмица славеше над Вардар со 64-57. 
 
Единствениот дуел каде гостите се радуваа се одигра во Гевгелија, каде Кожув загуби од Фени Индустри со 63-66.