Loading Video...
Кошарка
20. February 2019 - 16:32

Кошаркарите отпатуваа за Романија на дуел од претквалификациите за ЕП

 
Македонските кошаркари утринава отпатуваа за Романија каде утре ќе го одиграат последниот натпревар од вториот круг пред-квалификации за ЕП 2021 година. 
 
Во експедиција недостасуваа селектор Јорданчо Давитков кој поради клупски обврски во последен момент мораше да се врати во Кувајт, од каде утре наутро ќе му се приклучи на тимот во Плоешти. 
 
При неговиот краток престој во Скопје, селекторот изјави - „Имаме, персонални проблеми, со откажувања,повреди, но ќе видиме како ќе ги решиме. Очекувам циклусот да го завршиме како што и го почнавме, со победа. Ќе одиме таму да победине, не да ја чуваме стекнатата разлика од првиот меч, бидејќи тоа ќе биде многу опасно. Во секој случај ќе дадеме се од себе да ја победиме Романија“ истакна Давитков. 
 
Првата меѓусебна средба нашите кошаркари ја добија со 14 поени разлика, па математиките велат, дека доколку сакаме да останеме први и да се квалификуваме до главната квалификациска фаза, покрај победа ни одговара и пораз не поголем од 14 поени. 
 
Покрај Давитков на тимот директно во Плошети ќе му се приклучи и Американецот, Ричард Хендрикс. 
 
Утрешниот меч меѓу Романија и Македонија ќе започне во  терминот од 17 часот.