Македонија
8. December 2022 - 17:56

Косоварка си „купила“ италијанска исправа и здравствена легитимација за 1000 евра

 СВР Скопје поднесе кривична пријава против Д.К.(19) од Косово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа’’.

Д.К. на 2-ри месецов се пријавила на излез од Република Северна Македонија и од извршените проверки било утврдено дека поседува фалсификувана италијанска лична карта и италијанска здравствена легитимација, за кои изјавила дека ги набавила од непознато лице за 1.000 евра, информира Министерството за внатрешни работи во дневниот Билтен.