Loading Video...
Свет
30. September 2021 - 21:16

Косово и Србија постигнаа договор за намдинување на спорот околу меѓусебното признавање на таблиците

Косово и Србија постигнаа договор за надминување  на спорот околу меѓусебното признавање на регистарските таблички.  Дводневните  интензивни преговори  во Брисел со главните преговарачи  на  Косово и Србија вродија со плод објави  на твитер  специјалниот  претставник на ЕУ за дијалогот Белград – Приштина, Мирослав Лајчак.

Според договореното, на 2 октомври  специјалната единица на косовоската полиција ќе се повлече од  административните премини Јариње и Брњак и ќе се остранат барикадите поставени од косовските Срби,  КФОР ќе  распореди свои војници на ЈАриње и Брњак  пред повлекувањето на специјалците  и отстранувањето на барикадите и ќе остане околу  две недели за да се обезбеди безбедна слобода на движење.   

Во однос на проблемот со регистарските таблички како привремена мерка од  4 октомври ќе се применува режим со налепници, а работна група со претставници на белград, приштина и еу, ќе треба да дојде до трајно решение во наредните 6 месеци.