Косовската Влада осветлена со боите на украинското знаме
Зградата на Владата на Косово вечерва осамна со боите на знамето на Украина, во знак на поддршка за таа држава во актуелниот конфликт со Русија, јави дописникот на МИА од Приштина.
Во Собранието на Косово денеска се отвори расправа за кризата предизвикана од стационирањето на бројни руски сили на границата со Украина и со признавањето на независноста на украинските области Луганск и Доњецк од страна на официјална Москва, односно од рускиот претседател Владимир Путин.
Премиерот Курти во обраќањето од собраниската говорница изјави дека Косово, и во оваа ситуација, како и секогаш „ќе биде на страната на Европската Унија, Соединетите Американски Држави и НАТО“, додека косовското Министерство за надворешни работи се огласи со соопштение, во кое го обвини Путин дека „уште еднаш отвора војна против една мирољубива демократија“.
Најголемата опозициска партија во косовското Собрание, Демократската партија на Косово, побара од премиерот Курти, поради ситуацијата во Украина, да го свика Советот за национална безбедност и да воведе санкции кон Русија доколку тоа го сторат ЕУ и САД.
Ново на Сител
-
Општина Гази Баба додели грантови за студенти иноватори
-
Заев: Францускиот предлог не е најдобар, но е добра основа за почеток на преговори со ЕУ
-
Тешко повреден мопедист при судар со „ауди“
-
МВР: Повредени четири полицајци во вчерашните протести
-
СДСМ со осуда за протестите, обвинуваат дека се повредени четворица полицајци
-
Сенароден протест против францускиот предлог во 19 часот пред Влада, преку МНР до Собрание
-
Оглас за работа во ТВ Сител
-
Пандов: Доаѓам со багеров да ја „бутнам“ Владата