Македонија
14. November 2017 - 14:19

Костовски: СДС место кратење на непродуктивните трошоци, ги дуплираат

СДС наместо да крати како што велеа и самите од непродуктивните трошоци, тие ги дуплираат во однос на лани.

СДС наредната година за свој личен и луксуз на функционерите од СДС во новиот Буџет под ставката дневни и патни трошоци предвиделе 770 милиони денари или 12.5 милиони евра. Ова е два пати повеќе од тоа што се предвидело во ланскиот Буџет, кога изнесуваше околу 7 милиони евра.

Во предизборието најавуваа кратење на непродуктивните трошоци, па очигледно видеа дека се сведени на миниум од страна на ВМРО-ДПМНЕ и решија да ги дуплираат трошоците за свое лично луксузирање.

СДС наместо да вложуваат во реални сектори каде што е потребно како образование и здравство, тие решија 12.5 милиони да ги користат за личен луксуз на врхушката на власт.

Додека ги учеа граѓаните да одат на работа со автобус и велосипед, СДС трошат 12.5 милиони евра годишно за дневни и патни трошоци.

Граѓаните конечно гледаат дека СДС и Заев ги манипулираа граѓаните. Очигледно нема пари за решавање на егзистенцијата на над 120 семејства во Колска и над 280 вработени во Еурокомпозит кои се на работ на преживување, но затоа има пари за личниот луксуз на функционерите на СДС.

Ова е начинот на кој СДС е научен да владее. Луксуз и расфрлање со народни пари.