-->
-->
Котин: Русија предизвика опасност од нуклеарна катастрофа
-->
Русија предизвика реална опасност од нуклеарна и радиоактивна катастрофа со нападите во кои сите украински нуклеарни реактори беа исклучени од електричната мрежа првпат по 40 години, објави денеска шефот на украинската компанија за нуклеарна енергија Енергоатом, Петро Котин.
Котин во соопштението наведе дека нуклеарната централа во Запорожје била повторно приклучена на електричната мрежа по руските воздушни напади во средата, а резервните дизел генератори во таа нуклеарна централа биле исклучени.
Министерот за енергетика Герман Галушченко претходно рече дека Украина очекува нејзините три нуклеарни централи, кои беа затворени во средата поради руски ракетни напади, да бидат повторно во функција до вечерва.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Од 1 јуни престанува важноста на замрзнатите цени
-
ВМРО-ДПМНЕ: Неколку камиони албански домати со пестициди биле увезени во Македонија
-
Институциите и гимназијата од Охрид си ја префрлаат одговорноста за матурантката која не доби можност да полага матура
-
Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ го повикаа министерот да ги реализира ветувањата за пациентите со цистична фиброза
-
Тензично на северот од Косово
-
ВМРО-ДПМНЕ бараат од Ковачески што поскоро да го стави на гласање во парламентот прашањето за уставните измени
-
Скопјаните кои незаконски градеа паркинг во дворот на поликлиниката Бит Пазар седнаа на обвинителна клупа
-
Бектеши: На крајот од месецов престануваат да важат мерките за замрзнување на цените