Македонија
25. January 2023 - 16:32

Ковачевски без конкретен одговор за гаранциите кои ги бара Таравари, ќе има ли нова коалиција без исполнети услови

Премиерот Ковачевски без конкретен одговор дали на Таравари му  гарантира 80 пратеници за уставни измени за внесување на Бугарите за Алијнса да стане дел од владината коалиција и да го прошири мнозинството. Наместо тоа, Ковачевски вели уставните измени не се одговорност на една партија и влада, туку на сите пратеници при што посочи дека сега постоела политичка уцена од ВМРО-ДПМНЕ и Левица кои се изјаснуваат против измените на Уставот.

„На денот на избори, граѓаните го предаваат тоа на пратениците. Се што е во рамки на Уставот, законот, Деловникот треба да го работат. Во програмата има зачленување во ЕУ. Тоа значи носење на такви одлуки. Ај кажете ми каде во програмата на ВМРО-ДПМНЕ стои дека ќе фрлаат молотови коктели како во јуни? Каде стои дека ќе блокираат закони за помош во време на најголема политичка и економска криза? Тоа никаде не стои, а тоа го прават“

Премиерот тврди тврди дека нема проблем во владината коалиција и покрај тоа што информациите од Алтернатива на Гаши се дека тие не отстапуваат од своите ресори во Владата само за да влезе Алијанса и да го спаси ДУИ, а не да се овозможат уставните измени.

Вчера лидерот на Алијанса Таравари во дневникот на Сител кажа дека сите опции се во игра и дека во петок ќе се носи конечната одлука дали да ќе влезе во преговори со Ковачевски, но испорача и услов.

Од ВМРО-ДПМНЕ пак, велат дали некоја Влада има мандат за некоја одлука се тестира на избори.

Ако некој мисли дека може да се излезе и да се прави нешто за што не добил мандат тогаш тоа е негова одлика, но за ВМРО-ДПМНЕ е приоритет работите за кои што суштински се залагаат партиите да бидат тестирани на избори и да добијат мандат од граѓаните. ВМРО-ДПМНЕ е за суштински развој, борба за подобра иднина, за економски проспоритет, заштита на државните и националните интереси и исполнување на стратешките приоритети, за тоа ќе бараме мандат на избори и веруваме дека ќе добиеме

За избори, по кои ќе се знае што со уставните измени, се и од опозоциската БЕСА. И тие сметаат дека влезот на таравари ов Владата е само за спас на мнозинствотот.

Од власта тврдат дека мнозиснтвото во парламентот е стабилно, но и признаваат дека Алијанса вчера и без коалициски договор го обезбеди кворумот во ситуација кога тенкототмнозиснтво не можеше тоа да го испорача поради службен пат на неколкумина пратеници.