Македонија
27. November 2021 - 16:43

Ковачевски ја потврдува кандидатурата за лидер на СДСМ, разговорите Алтернатива - СДСМ продолжуваат следната недела

Заменик министерот за финансии Димитар Ковачевски влегува во трка за нов лидер на СДСМ. Ковачевски кои изминатите денови се споменуваше како најсериозен кандидат за наследник на Заев, денеска за Сител потврдува дека во следните 7 дена ќе поднесе кандидатура и конкретна програма до партиските органи.

Откако вчера највисоките партиски органи кои заседаваа до после полноќ ја прифатија оставката на Заев, СДСМ на 12 декември преку вонредни внатрепариски избори ќе го бира неговиот наследник. По овој датум, Заев оставнува активен член на партијата. 

Право да се кандидра во следните 7 дена има секој член со најмалку еден мандат во Централниот одбор со право на глас. 

Екс градоначлинкот на Скопје Петре Шилегов чие име изминатите денови се споменувањше како можен нов лидер на партија денеска за Сител вели дека нема намера да влезе во оваа трка.

Градоначаникот на Куманово пак Максим Димитриевски кој беше дистанциран од партијата пред локалните изброи на кои настапи како независен кандидат, преку социјалните мрежи реагира зошто не бил повикан на вчерашните состаноци.  

Ваквото непочитување на статутот недостаток на демократски капацитет на дел од раководството само ги потврдува моите сомнежи на лојалистичко клиентелистичкиот пристап кој воведува нов феномен на марионетски лидерства.

Членството е тоа кое во една демократска и транспарентна постапка на евидентирање и кандидирање на кандидати за иден лидер на партијата треба да го има главниот збор до конечниот избор како и до сега, пишува Димитриевски.

Од ДУИ пак денеска велат дека ги почитуваат внатрепартиските одлуки на СДСМ за избор на нов лидер, но од партијата на Ахмети остануваат на ставот дека сега не е време за повлекување на Заев од премиерската функција. 

И партиските органи на Алтернатива вчера дадоа зелено светло за продолжување на преговорите за влез во Владата. Сепак конечната одлука ќе ја носи Централното собрание.

Пред одлука на Алтернатива, се најавува уште една средба Заев - Гаши најверојатно во понеделник, а два дена подоцна Заев ќе го информира и Ахмети за последните преговори за зголемување на владиното мнозинство. И СДСМ и ДУИ денеска тврдат дека мнозинството е стабилно и составено од 61 пратеник, но без да го откријат името на новиот народен избраник кој се приклучува кон мнозинството.