Ковачевски, Маричиќ и Османи на средба со Ескобар во САД
Европските интеграции треба да бидат главниот фокус во разговорите кои Премиерот Ковачевски ќе ги има со специјалните претставници на Вашингтон и Брисел за Балканот, Габриел Ескобар и Мирослав Лајчак за време на неговата работна посета на САД.
Истовремено во Њујрок ќе биде и вицепремиерот Маричиќ и Министерот за надворешни работи Османи, па иако Владата не потврдува, уставните измени се очекува да бидат во фокусот на разговорите.
„Фокусот на разговорите е економскиот развој на Република Северна Македонија, атлантското партнерство, европските перспективи и важноста на стратешкото партнерство помеѓу Северна Македонија и САД во сите овие процеси од значење за квалитетот на живот на македонските граѓани.“ – се вели во официјалното соопштение што го испрати Владата.
Тоа ќе биде продолжение на разговорите кои Ковачевски ги имаше со Ескобар во Скопје на крајот од минатиот месец. Тогаш американскиот пратеник се срeтнa и со опозицискиот лидер но и по оваа средба опозицијата излезе со став дека нема да даде поддршка за промена на Уставот.
Нема информации дали Ексобар на средбата со Ковачевски ќе бара друг начин да се надмине недостатокот на 80 пратеници имајќи предвид дека до овој момент, притисокот кој се врши врз опозицијата не даде резултат.
Од денеска во ЊуЈорк е и Претседателот Пендаровски. Тој во четврток ќе се обрати на 78 сесија на Генералното Собрание на ОН. За денеска попладне по македонско време, најавено е присуството на Претседателот на на отворањето на Политичкиот форум на високо ниво за одржлив развој под покровителство на ОН а ќе има и свое обраќање на лидерскиот дијалог.
-
Александар Спасовски
Сите содржини од овој новинар