Македонија
27. May 2022 - 15:15

Ковачевски: Покачувањето на платите на универзитетските професори е планирано во Буџетот

Премиерот Димитар Ковачевски, на новинарско прашање одговори дека покачувањето на платите на универзитетските професори е веќе планирано во буџетот и тоа од месец септември.

„Го видов писмото од универзитетските професори и контактирав со нив и ги информирав дека покачувањето на платите е предвидено во Буџетот од септември. Точно е дека во целиот образовен сектор треба да се покачат платите и доколку го погледнете буџетот во тој дел ќе видите дека од година во година се зголемува износот во однос на платите во високото образование“, кажа премиерот Ковачевски.