Ковачки: Од МО се украдени документи со назнака строго доверливо, одговорност од Славјанка Петровска веднаш
Втор ден Министерството за одбрана молчи за украдените класифицирани документи и за украдените компјутери на кои имало строго доверливи документи.
Голем срам е министерство за одбрана на НАТО членка да биде нетранспарентно за ваков настан, а уште поголем срам е да си неспособен да заштитиш класифицирани документи и компјутери.
Ова е случај кој мора да заврши со кривична одговорност и кон одговорните кои не преземале мерки и овозможиле поединци или група да во сред центар на градот, се осмелат да влезат во заштитен објект на министерството за одбрана и да крадат документи и компјутери.
Според Законот за класифицирани информации, класифицирана информација со степен „СТРОГО ДОВЕРЛИВО“ е информација чие
неовластено откривање би предизвикало исклучително сериозна штета за ВИТАЛНИТЕ
интереси на Република Македонија.
Кога се крадат класифицирани документи (мобилизациски) со степен на тајност Строго Доверливо, а за тоа молчи Министерот - Славјанка Петровска, а молчи и Врховниот Командант - во случајов Стево Пендаровски, се отвора сомнеж дека сакаат да го прикријат настанот со цел да се спасат од одговорност.
После ваков скандал, министерот за одбрана треба да си поднесе оставка, а Претседателот на државата треба помалку да зборува за енергетската состојба која не му е во надлежност, туку да се заинтересира за тоа кој и зошто се дрзнал да краде мобилизациски и друг тип на документи, како и за тоа колкава штета е нанесена на Одбраната во која тој има надлежност.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Таткото на Вања повторно бара слобода од Врховниот суд
-
Тошковски: Мирен изборен ден
-
Преглед на вести од светот
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 18:30 часот
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 15 часот
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 13 часот
-
Просечна излезност до 11 часот
-
ОБСЕ: На крајот на денот ќе оцениме како се одржало гласањето