Македонија
24. October 2020 - 19:39

Ковид-19 ги наполни болниците, се празнат одделенија за да се најде слободен кревет

Министерството за здравство интензивно работи на проширување на капацитетите за прием на пациенти инфицирани од Ковид 19.  Освен модуларното одделение во Скопје кое веќе се полни министерот најави дека се прават подготовките за болницата во Козле и дополнителни капацитети во 8 ми септември. Во координација со штипската болница дел од тамошните пациенти ќе се префрлуваат во Кочани. Во прилеп Битола и Охрид веќе се сместуваат пациенти на интернистичките одделенија, додека во Струмица за ковид позитивните веќе се подготвува првиот кат од новото крило.

На барањето од опозицијата за негова  оставка,  Филипче со став дека не чувствува таква одговорност. Потенцираше дека уште од првиот ден на кризата целиот тим работи професионално и никогаш не се обиделе да внесат политика или политикантство во ниту една од мерките и препораките.

Во делот на бројот на тестовите Филипче најави дека преку мој термин ќе бидат обезбедени дополнителен број на термини, а се обидувале и на што побрз начин да стасаат до брзите тестови.. Еден дел од постапката веќе била завршена, а во моментов била втората фаза која се очекува значително да го олесни пристапот до тестирање.