Свет
27. July 2019 - 19:42

Крадци облечени како полицајци украле 700 килограми злато во Бразил

Осум крадци маскирани во полициски униформи украле над 700 килограми злато во вредност од 32,2 милиона долари на аеродром во Сао Паoло.

Тие влегле во товарниот терминал со два полициски автомобила и ги принудиле вработените на аеродромот да ги наполнат камионите со злато, со помош на виљушкар.

Разбојничката акција траела 2,5 минути.