Живот
13. March 2019 - 11:39

Крадец ги врати парите на жена откако ја виде нејзината сметка во банка - се изнасмеа кога си заминуваше

Еден необичен кинески крадец привлече доста внимание на Интернет кога ограбил жена, па потоа и ги вратил парите. 
 
Тој од позади грб ја ограбил жената додека си вадела пари од банкомат. 
 
Таа во паника му дала мала сума, што крадецот не бил задоволен, па посакал уште. И се заканил со нож и рекол да подигне уште пари. Кога ја отворила сметката, крадецот почнал да се смее - на неа немало пари. 
 
На крадецот му паднало жал, па и ги вратил украдените пари. 
 
Безбедносните камери го фатиле крадецот како заминува смеејќи се, но сепак бил уапсен.