Loading Video...
Тенис
26. August 2020 - 13:19

Крај за Серена Вилијамс на турнирот во Синсинати

На женскиот дел од турнирот во Синсинати, се случи големо изненадување. 
 
За тоа се погрижи грчката тенисерка Марија Сакари која во осминафиналниот меч ја победи третата носителка Серена Вилијамс со 2-1. 
 
Иако првиот сет и припадна на Американката со 7-5 сепак во следните два подобра беше Сакари па вториот го доби во тај-брејкот со 7-5, а решавачкиот трет сет убедливо со 6-1.
 
Тако во четвртфиналето Сакари ќе игра против осморангираната тенисерка Јоана Конта.
 
Пласман меѓу осумте најдобри обезбедија и Јапонката, Наоми Осака која во два сета беше подобреа од Украинката, Јестремска, односно Онс Џубер од Тунис која во три сета ја победи Амриканката, МекХеил. 
 
Во првиот меч од четвртфиналето попладнево ќе играат Белгијката, Мертенс (14) и Американката Пегула, а потоа следува дуелот меѓу Осака (4) и Естонката, Контавеит (12).