Loading Video...
Фудбал
18. May 2022 - 13:44

Кратовци подготвени за одбрана на Куп титулата

 
 
Петок, 18 часот е терминот во кој фудбалерите на Силекс го играат најзначајниот меч во сезоната, финалето на Купот против Македонија Ѓорче Петров. 
 
Првата цел е остварена, враќање во првата лига, а втората цел е кратовци втора година по ред да се закитат со Куп-трофејот.
 
Дефанзивецот Стојан Стојчевски верува дека Силекс има квалитет да го освои Купот.
 
-Имаме доста тежок и незгоден противник кој важи за фаворит во финалната пресметка, но не се предаваме. Стигнавме до финалето, поминавме неколку прволигаши и нормално дека нема да кренеме бело знаме, туку одиме да го освоиме Куп-трофејот – вели Стојчевски.
 
И играчот за врска Благоја Спиркоски е убеден дека кратовци ќе го кренат пехарот и ќе обезбедат излез на европската сцена.
 
-Може да се каже дека сме аутсајдери, но ѓорчептеровци се фаворити само на хартија, а на теренот ние ќе се прашуваме. Од прв до последен, сите ќе дадеме максимум  ќе го освоиме купот и ќе испишеме историја – истакна Спиркоски.