Македонија
11. December 2019 - 13:24

Кражба во црквата „Свети Јован Богослов“ во тетовско Прељубиште

Вчера 10 декември Л.Ј.(71) од тетовско Прељубиште во СВР Тетово пријавил тешка кражба во црквата во ова село, која била извршена во периодот помеѓу 9 и 10 декември. Според пријавеното, сторителот насилно влегол во црквата и одзел пари. Извршен е увид и се работи на расчистување на случајот, соопшти СВР Тетово.

Првичните сознанија на полицијата се дека се одземени околу 1.000 денари, а поголема е штетата направена при насилно кршење на инвентарот.

-Често пати поголема е штетата отколку одземените износи на пари од црквите. Штетата се прави поради насилното кршење врати или прозорци, како и каси, маси и други предмети каде се чуваат парите собрани од доброволните прилози оставени во црквите од страна на верниците, потенцираат од СВР.

Полицијата евидентираше кражба и во август во „Свети Јован Крстител“, црква лоцирана во месноста „Петачко водиче“ на два километра од Беловиште.