Македонија
21. September 2023 - 19:41

„Крени глас“ против врсничкото насилство

Само со кревање на гласот против врсничкото насилство може да се спречи оваа појава која е се поприсутна помеѓу младите и во Македонија категорична е психотерапевтот Деспина Стојановска. Според неа треба постојано и свесно да се зборува за булингот зошто последиците се застрашувачки и за двете страни. Таа потенцира дека не треба да се грижат само родителите чии деца се жртви на  насилство, туку и оние на сторителите.

-Исто така треба да се запраша, од каде е таа агресија, од каде ја собира лутината, дали можеби носи некоја траума...зошто последиците се ееднакво сериозни за сите оние кои на било каков начин се вклучени во булингот. И сакам да споменам дека долги години работам со клиенти, односно лица кои имаат некакво искуство со булинг, но особено се радувам на овцаа кампања на “Макпетрол” затоа што прв пат структурирано и свесно се зборува за булингот и имам впечаток дека на ваков начин треба луѓето да добиваат информации и да се подигне јавната свест, изјави Деспина Стојановска, системски и семеен психотерапевт.

Таа од стручен аспект ја подржа кампањата “Крени глас“ која има за цел да се промени начинот на кој се сваќа булингот, но и кои чекори да се преземат за да се препознае и спречи насилното однесување.