Македонија
24. February 2020 - 10:56

Критична е состојбата на тројцата повредени во пожарот во Романовце хоспитализирани на КАРИЛ

Две жени на 35 и 50 годишна возраст како и маж на 65 години се во критична состојба и на апарати за дишење на КАРИЛ. 

Според директорот на ТОАРИЛУЦ Илир Хасани пациентите имаат тешки изгореници дури над 85% од телото, направена им е интубација и дишат со помош на маханичка вентилација.

Во вчерашниот пожар во Романовце загинаа 4 лица меѓу нив и три деца. 

 

Александар Динев