Македонија
22. October 2015 - 11:04

Крива Паланка ги додели годинешните стипендии за талентирани ученици

Девет талентирани ученици од Крива Паланка се добитници на годинашните стипендии кои ги доделува локалната самоуправа на општина Крива Паланка.
 
Комисијата за спроведување постапки за доделување стипендии одлучи пет средношколци и четири студенти од општината кои учат и студираат во училиштата и факултетите во Република Македонија да ги добијат стипендиите за  учебната/студиската 2015/2016.
 
Стипендијата е во висина од 3.000 денари месечно, а право на стипендија остварија кандидатите кои ги исполниле пропишаните критериуми, во досегашното школување да имаат континуиран одличен успех, студентите кои постигнале просечен успех над 8,50 и имаат освоено награди за поединечно прбво, второ или трето место на меѓународни, државни или општински натпревари од областа на науката, техниката, културата, уметност и спортот, односно област соодветна на нивното образование.
 
Исто така, при рангирањето на кандидатите земани се предвид и месечните примања по член на семејство во однос на просечно исплатена месечна нето плата по вработен во Република Македонија.
 
Основен услов е кандидатите да се жители на општина Крива Паланка, да се државјани на Република Македонија и да се редовни ученици/студенти, како и да немаат повторувано година и да не се корисници на стипендија или кредит од други установи, институции или компании, а студентите да не се постари од 25 години.