Крива Паланка ќе добие нова сала за презентации
Општина Крива Паланка започна со реконструкција на големата салата на Советот и познатата мала сала во зградата на локалната самоуправа, со чијашто обнова општината ќе добие модерна сала, која освен за седници на Советот на општина, ќе се користи и за други намени.
Активностите се дел од проектот „Промоција на туристичките атракции во 3D” финансиран од ИПА ЦБЦ програмата на Европската унија, за кој општината аплицираше преку Североисточниот плански регион.
- Големата сала за седници досега се користеше за одржување и на бројни останати настани, покрај од наша страна, и од другите институции, здруженија и групи на граѓани. Со имплементацијата на овој проект општина Крива Паланка ќе добие најсовремена сала за 3D презентации која ќе биде опремена со најсовремена ИТ опрема, кабини за симултан превод, мебел и ентериер кој ќе овозможи брзо и лесно адаптирање на просторот во однос на потребата и намената, информираат од општина Крива Паланка.
Освен големата сала, ќе се реновира и придружната, т.н. мала сала, која ќе биде уредена за одржување состаноци и настани со помал број учесници. Со оглед на динамиката на работа, двете сали како и фоајето, се очекува да бидат комплетно реконструирани во рок од два месеци.
Од Општината посочија дека салите освен за сопствени потреби, ќе бидат достапни за користење на сите институции, здруженија и групи на граѓани од североисточниот регион на Република Македонија.
Со оглед на тоа што големата сала во Општина Крива Паланка служеше и како сала за венчавање, во периодот на реконструкција венчавките, како и седниците на Советот ќе се одржуваат во Локалната установа Градски Музеј, Крива Паланка.
Ново на Сител
-
Петмесечно бебе е вториот случај на голема кашлица во прилепско
-
Преглед на вестите од светот
-
Почнува кампањата за парламентарните избори - ВМРО-ДПМНЕ традиционално во Охрид
-
Караванот на СДСМ и коалиција почнува од ИЕ4
-
Специјализантите в понеделник во 5 до 12 ќе штрајкуваат пред Министерството за да ги види и слушне Демири
-
Мицкоски во Охрид на увид во градежни активности во 3 клучни проекти
-
СДСМ ја стартуваше кампањата – нема откажување додека Македонија не стане дел од ЕУ
-
ДУИ: По изборите Османи е шеф на државата, Села спикер, а Бугарите дел од Уставот