Македонија
18. September 2017 - 15:01

Кривичен суд: Системот за издавање потврди од кривична и казнена евиденција повторно во функција

АКМИС системот за управување со судски предмети од денеска функционира, соопшти скопскиот Кривичен суд, откако во петокот ја известиле Државнта изборна комисија дека поради проблеми со системот не се во можност да издаваат потврди од кривична и казнена евиденција.

- Во однос на наводите дека АКМИС системот за управување со судски предмети не функционира и Основниот суд Скопје 1 – Скопје не може да издава уверенија од казнена и кривична евиденција, ја известуваме јавноста дека во петок (15.09.2017 година) во попладенвните часови, е констатиран проблем со системот за што веднаш е известена компанијата задолжена за негово одржување, по што денеска во 11:00 часот проблемот е отстранет, системот функционира и нема никаков застој во издавањето на уверенијата од казнена и кривична евиденција, се наведува во соопштението од Основниот суд Скопје 1.