Македонија
18. February 2020 - 19:24

Кривична пријава против охриѓанец за дрога

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Ѓ.Т.(29) од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори”. Пријавениот, на 24.04.2019 на „Кеј Македонија” на А.Г. му продал кокаин. После тоа, полициски службеници извршиле преглед над А.Г., при што го пронашле и одзеле кокаинот.