Македонија
13. May 2016 - 11:58

Кривична пријава за директорот на кумановската болница

СВР Куманово поднесе кривична пријава против А.Л.(49) од Куманово директор на ЈЗУ Општа болница-Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“. 

Во текот на 2015 и 2016 година, пријавениот не презел законски мерки и не спровел судски спор со тужба пред надлежен Основен суд за неисполнување на обврски од договор за упатување на специјализација на специјализант од ЈЗУ Општа болница-Куманово.

Со договор специјализантот бил испратен на специјализација на Медицински факултет во Скопје за време од пет години, по што специјализантот за време на специјализација примал плата, патни трошоци, надоместоци но не ја завршил на време специјализацијата, а пријавениот не презел законски мерки поради неисполнетата обврска овозможувајќи на специјализантот да се стекне со противправна имотна корист 709.600 денари на штета на буџетот на болницата.