Македонија
8. January 2021 - 16:46

Кривична против 32- годишен дилер од Свети Николе

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Свети Николе поднесе кривична пријавa против Т.Т.(32) од Свети Николе, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.

На 17.04.2020 во Свети Николе, пред домот на Т.Т., тој му продал марихуана на З.Ј. од Свети Николе, која при преглед од полициски службеници била пронајдена и одземена.