Кривична за двајца велешани кои превезувале огревни дрва без лиценца
СВР Велес поднесе кривична пријава против М.С.(59) од с.Бузалково, велешко, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „вршење на јавен превоз без поседување на лиценца“. На 04.06.2020 во периодот од 17.30 до 18.30 часот, на ул.„11 Октомври“ во Градско, при контрола на товарно возило „мерцедес“, со велешки регистарски ознаки, управувано од пријавениот, полициски службеници констатирале дека во просторот наменет за товар М.С. врши транспорт на огревно дрво, без притоа да поседува лиценца за него.
СВР Велес поднесе известување против Ф.Џ.(18) од с.Бузалково, велешко, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „вршење на јавен превоз без лиценца“. На 05.07.2020 во 14.30 часот на патот Кавадарци - с.Манастирец, пријавениот со товарно возило „там“, со велешки регистарски ознаки, превезувал огревни дрва сопственост на фирма од с.Бузалково, но не поседувал лиценца за вршење на јавен превоз, ниту дозвола за управување со моторни возила.
Ново на Сител
-
Две жртви и еден повреден во сообраќајката на експресниот пат Штип-Кочани
-
Руски воен репортер загина во Украина
-
Претрес во Свети Николе, пронајдена дрога
-
Пожари на диви депонии во Желино и Боговиње
-
Приведен дилер во Охрид, пронајдена дрога
-
Вучиќ-О'Брајан: Различни ставови по прашањата за Косово и Сребреница
-
Шест деца и тројца возрасни загинаа во израелски напад во Рафа
-
Во вторник предизборен молк