Кривични за двајца велешани - продавале празни ЦД-а за учење на странски јазици
Единицата за внатрешни работи Одделението за криминалистички работи Карпош при СВР Скопје поднесе кривична пријава против А.В.(30) и Д.В.(36), двајцата од Велес, поради постоење основано сомнение за сторени кривични дела „измама“, казниво по чл.247 и кривично дело „посебни случаи на фалсификување на исправи“ казниво по чл.378 од Кривичниот законик.
Имено, во координација со Основното јавно обвинителство Скопје, полициски службеници во полициска станица извршиле службен разговор со пријавените, при што било констатирано дека двајцата, претставувајќи се во име на правно лице – училиште за странски јазици од Скопје, преку онлајн продажба нуделе и продавале материјали (ЦД-а) за учење на странски јазици кои биле празни, односно без содржина, при што оштетиле поголем број на граѓани, стекнувајќи се со противправна имотна корист.
Ново на Сител
-
На „Октоберфест“ годинава вкупно 7,2 милиони посетители
-
Фестивал на виното во Скопје од 11 до 14 октомври
-
Објавена снимката од ВАР собата во контроверзниот пораз на Ливерпул
-
Ван Гал по 19 години се врати во Ајакс
-
Негувателка во градинка во Велес давала на децата да пробаат електронска цигарa
-
Уставен ќе одлучува за автобускиот превоз на средношколците од приватните училишта
-
Поевтинува роамингот со Европа
-
ВМРО-ДПМНЕ: Владата овозможува бизнис за бугарското подземје