Живот
16. May 2020 - 14:20

Крушево со „Он-лајн туристички водич“

Од денеска е активен  онлајн туристички водич  „Викенд во Крушево“, што е уште една алатка за туристичка промоција на Крушево.

Од крушевската локална самоуправа објаснуваат дека оваа веб-платформа е со цел да ја подобри промоцијата и да се помогне угостителскиот сектор, особено во овие периоди кога, поради кризата, секторот е најмногу оштетен.

 Платформата е создадена и раководена од група млади луѓе од Крушево со поддршка на општината и на Мировниот корпус во Република Северна Македонија.

Повеќе информации може да се најдат на следниот линк: http://weekendinkrusevo.com/ .