Свет
20. December 2016 - 16:29

Крвав Берлин пред Божиќ: Германија во дилема,дали убиецот е бегалец?

Кој стои зад терористичкиот напад среде Берлин, во дилема е и германската полиција. Приведениот бегалец од Пакистан ги отфрлил сите обвинувања и тврдел дека не управувал со камионот кој ја прегази толпата луѓе на божикниот пазар. Навед од Пакистан кој имал само 23 години пристигнал во Германија на крајот од минатата година, а неколку месеци подоцна се сместил во Берлин. Од тогаш до денес бил регистиран како извршител на неколку помали кривични дела, но никогаш не бил поврзан со терористички групи.

Германската полиција ги повика жителите на Берлин да бидат претпазливи бидејки не се сигурни дали приведениот е извршител на терористичкиот напад и виновен за смртта на најмалку 12 луѓе како и повредите на речиси педесет посетители на пазарот кои се уште се во болница.

Навед бил приведен на два километри оддалеченост од местото каде е лоциран божиќноиот пазар. Полицијата го провела во парк, откако очевидец тврдел дека тоа е човекот кој побегнал од местото на настанот.

Во камионот со кој беа усмертени 12 луѓе било пронајдено безживотното тело на возачот кој работел за компанијата од Полска сопственик на возилото, а истрагата препроставува дека и тој бил жртва на терористот кој го држел како заложник додека го вршел планираниот напад.

По нападот безбедносните служби одлучија божиќните пазари да продолжат со редовна работа, но под многу поголеми безбедносни мерки. Германија нема да дозволи стравот да го проемни начинот на живот. И додека Берлин трага по одговори, Париз стравува по оценката на Оланд дека највисокото ниво на закана за можен напад сега е на страната на Франција.