Loading Video...
Свет
29. October 2020 - 16:36

Крвав ден за Франција, три напади за неколку часа, во Ница обезглавена жена, во Авињон нападната полицијата

Најмалку три лица се убиени, а неколку се повредени во терористички напад во близина на  црквата Нотр Дам во Ница. Една од жртвите била обезглавена. Француската полиција го уапси  напаѓачот на возраст од 23 години, кој пред да почне со нож да ги боде луѓето извикал Алах Акбар. Два часа подоцна во Франција се случи уште еден напад. Во градот Авињон маж со нож ја нападнал полицијата и притоа извикувал Алах Акбар. Полицајците го ликвидирале напаѓачот Во Авињон, исто како во Ница, е отворена истрага, а на терен се антитерористички единици. Во меѓувреме, едно лице со остар предмет нападнало чувар пред францускиот конзулат во Саудиска Арабија. Напаѓачот веднаш бил уапсен. 

Ако Европејците би избирале претседател на САД, за Доналд Трамп би гласале само 17 проценти а  45 отсто за кандидатот на демократите, Џо Бајден, покажуваат резултатите од истражувањето на германската Фондација Бертлесман. Според истражуавањето, дури 38 проценти од испитаниците во ЕУ не би гласале за ниту еден кандидат. Претседателските избори во САД се на  3-ти ноември. Демократскиот претседателски кандидат Џо Бајден и неговата сопруга Џил гласаа на изборите, придружувајќи им се на 74 милиони Американци кои го искористија правото на рано гласање.

Бројот на загинати се зголемува во борбите меѓу ерменските и азербејџанските сили околу регионот Нагорно Карабах. Обете страни меѓусебно се обвинуваат за прекршување на примирјето со посредство на САД. Тоа е трето по ред примирје  по разгорување на конфликтот на 27 септември.