Македонија
29. March 2016 - 13:17

Крвава тепачка меѓу гостиварчани и скопјани - Три лица пренесени во болница

НК за КР Гостивар поднесе кривична пријава против Л.Ј. (22), Л.М. (23), Ј.К. (24), Б.И.(25), Р.Б. (23), Ш.С. (21), З.Б. (21), Ф.Ф. (31), сите од Гостивар, и против М.Б. (21) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“. На 07.12.2015 година, околу 21.00 часот во Гостивар на ул. „Ленинградска“, поради меѓусебна нетрпеливост, дошло до физичка пресметка помеѓу Л.Ј. од една страна и останатите пријавени од друга страна. Притоа тројца од пријавените се здобиле со телесни повреди -расекотини.