Крводарителска акција во чест на Тоше утре во Дом на АРМ

Традиционалната крводарителска акција посветена на Тоше Проески по повод денот на неговото раѓање (25 јануари) ќе се одржува утре во холот на Дом на АРМ во Скопје од 10 до 17 часот.
Организирана е од Црвениот крст на Град Скопје, Црвен крст Гази Баба, Институтот за трансфузиска медицина, Тоше фан клубот и со поддршка на волонтерите од Клуб 25.
- Ликот и хуманото дело на Тоше Проески се позитивен пример и поттик за многу млади личности кои токму на овој датум даруваа крв, но и мотивација за повеќекратните дарители да продолжат со хуманиот чин, соопшти Црвениот крст на Град Скопје.
Утрешната ќе биде 12-та крводарителска акција во чест на Тоше (1981-2007). Традицијата почна во 2010 година и оттогаш акции се одржуваат двапати во годината - во јануари и во октомври.
Во изминатите 11 крводарителски акции во спомен на Тоше Проески 3.300 лица дарувале крв.
Ново на Сител
-

Молитва на македонски јазик пред вечното почивалиште на Свети Кирил во Рим
-

Филипче: Оставката на Земон е одличен морален чин, СДСМ работи исклучиво за македонските интереси
-

30 дена притвор за возачот на камионот по трагедијата на скопската обиколница
-

Локалитетот Манчевци - музеј на отворено
-

Македонската народна музика и песна два дена ќе ечи во Прилеп и Долнени - започна „Пеце Атанасовски“
-

Преглед на вестите од светот
-

Tема на денот со Гордана Сиљановска Давкова, претседателка
-

Четворица загинати во тешка сообраќајка на скопската обиколница
